Македонија
13. јуни 2023 - 21:15

Анализа - Зошто судиите и обвинителите немаат доверба во телата кои ги назначуваат и разрешуваат?

Ниту граѓаните веруваат во правосудството, ниту судиите и обвинителите во телата кои ги именуваат и разрешуваат. Судскиот и советот на јавни обвинители не уживаат доверба кај фелата. Анкета на ОБСЕ откри поразителни податоци за нивната работа. 72 отсто од анкетираните судии не се согласуваат дека Судскиот совет е заштитник на независноста на судството. Повеќе од половина обвинители во држвата пак сметаат дека нивниот совет не одлучува самостојно и независно. Причина за ваквите резултати, според познавачите на состојбите е свесносна дека наместо работатата, за кариерата на судиите и обвинителите одлучуваат нечии агенди.

„Во најголем дел од судиите и обвинителите се луѓе на место, меѓутоа хиерархијата си го прави своето и особено политичкото влијание преку овие два органи, Судски совет и Совет на јавни обвинители го чини, затоа што еве Ленче Ристовска за искажано мислење е на дисциплинска. Од 480 судии, премолчеа незаконско менување на претседател токму поради страв дека ќе се најдат на дисциплинска, односно пред Судскиот совет за разрешување и тоа е јасна порака дека од нив се бара да молчат“, изјави Јанаки Митровски, Адвокат.

Анонимната анкета била направена на крајот од минатата година. Прашалници добиле сите судии и обвинители, но само половина одговориле на прашањата.

„Тој процент би бил и многу повисок да би биле анкетирани сите судии, бидејќи оние кои не одговориле се оние судии кои иако анонимна, се плашат да не бидат земени на одговорност. Апсолутно го делам мислењето дека тие луѓе не се на ниво на задачата, намерно се импутирани како претседатели и членови да има лица кои не се судии и адвокати и тоа не е воопшто случајно“, вели Митровски.

Анкетата доаѓа во период на потреси во судскиот совет кои резултираа со оставки. Меѓународниот фактор пак телото го оцени како нелегитимно.