Loading Video...
Балкан
20. јуни 2023 - 12:26

Ескобар и Лајчак ќе презентираат можни решенија за намалување на тензиите во Косово

Високи претставници на САД и ЕУ за Западен Балкан денеска ќе одржат јавна дискусија за последните случувања во регионот и на Косово. Помошник државниот секретар на САД, Габриел Ескобар и официјалниот претставник од ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак ќе презентираат можни решенија за намалување на тензиите.

Дискусијата ќе се оддржи попладнево на Атланскиот совет а во соопштението се наведува дека неодманешниот напредок во нормализација на односите меѓу Србија и Косово е загрозен од ескалација на тензиите.

Од ЕУ ги повикаа лидерите на двете земји без предуслови да допатуваат на состанок во Брисел во четврток. Во меѓувреме НАТО се подготвува да преземе активности за воспоставување мир на Косово и повика двете страни да се вразумат и да преземат мерки за деескалација. 

И денеска продолжуваат блокадите на граничните премини Јариње, Мердар и Брњак.