Како да се реши кризата во Судски совет- Експертите скептични за идејата на министерот за правда
Власта да не брза со донесување закон за разрешување на судскиот совет.. Коалицијата Сите за правично судење, предупредува дека предлогот на министерот за правда, може да ја наруши независноста на судската власт.. Велат, постои ризик тоа во иднина да се примени и за друг состав на Судски.
„Тоа ќе постави преседан Законодавниот дом да може да разрешува членови на судскио совет кои ги нема избрано собранието, односно кои непосредно се избрани од самите судии. И тоа треба да се има предвид пред да се избрза со ваквото решение. Да се види, дали можеби во иднина тоа ќе остави простор за злоупотребување на законот и разрешување дури и на совет кој ќе биде легитимен и ќе има кредибилетет да ја штити судската независност“, вели Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“.
Според премиерот, дојдено е време за ремонт на правосудството.. Не разговарал детално со министерот за правда околу можностите за разрешување на Судски, бидејќи како што вели Ковачевски, последниот збор за измени во законите го има собранието.
„Треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси па и закони во делот на правосудството, бидејќи сите анализи тоа го покажуваат, сите изјави на странски дипломати тоа кажуваат. Треба да има систем во правосудството кој ќе може да ја дијагностицира точно одговорноста бидејќи секогаш одговорноста има име и презиме, не може вие да генерализирате не е добро се комплет“, вели Димитар Ковачевски, Премиер.
Опозицијата пак смета дека е веќе позната дијагнозата.. Велат, разрешување на судскиот совет нема да ја подобри состојбата во правосудството.. Потребна била оставка на владата.
„Ова е една метастаза, гангрена која што тешко може да се решава само со отстранување на дел од ова заразено ткиво. Мислам дека најиедеалното решение за ваквиот метастазиран комплетно цел систем е само оставка на владата. Ова ќе биде само еден сегмент кој нема да сопре ова метастазирање да продолжи“, вели Дафина Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ.
Предлогот за разрешување на составот на Судски следи по десетина дена откако двајца членови си поднесоа оставки.. Во меѓувреме невладините открија дека и други членови планирале да ја напуштат функцијата.. Во советот пак сметаат дека не било време за оставки.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
