8 години затвор за Драги Рашковски, падна пресуда за „Софтвери“ и понуда за брак во судница
Драги Рашковски како генерален секретар на владата наместо за интересите на државата, спроведувал лични проекти. Вака судот ја образложи пресудата од осум години затвор за поранешниот ген сек кој беше обвинет дека својот изум за мерење брзина во сообраќајот си го продал сам на себе, а го платил со народни пари. Во тоа му помогнале уште шестмина кои добија затворски казни од три до пет години. Рашковски ја имал доминатнта позиција во извршување на кривичното дело за како што се вели во пресдата, остварување на својот личен интерес.
Рашковски, заедно со уште шестмината обвинети ќе треба да вратат и над 300 илјади евра, сума за која бил оштетен државниот буџет.. Ако не ги вратат парите, ќе им биде одземен имот.
Осум годишната затворска казна на Рашковски му ја одзема и слободата.. Обвинителството бараше притвор, судот му одреди куќен.. Обвинетиот Станчев пак откако слушна дека му се заканува притвор зашто нема свое семејство, својата избраничка ја побара меѓу обвинетите.
Ја запроси Ирена Ивановска која доби казна од три години и шест месеци затвор.. Според пресудата, Рашковски добивал пари и од сораобтници кои тој ги ангажирал во владата.. Својата плата од 60 илјди денари ја делеле со генералниот секретар.. Му исплаќале по 40 илјади денари, а за себе задржувале по 20 илјади.. Откако ја слушна пресудата, рашковски обвини дека предметот бил монтиран..
Изрелувањето на пресудата за Рашковски ја следеше и обвинителот Ислам Абази но не остана да слушне дали поранешниот генерален секретар ќе оди во притвор.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
