Македонија
14. July 2023 - 16:36

Може ли да има легитимитет изборот со 6 гласа и 7 неважечки ливчиња?

Судијата Наке Георгиев стана член на Судски совет со повеќе поништени отколку освоени гласови. Изборната комисија денеска му посака успех во работата и констатираше дека Георгиев освоил шест гласови од вкупно 13на врховни судии кои гласале. Седуммина од нив, ливчето го направиле неважечко. Дали ваквиот избор е легитимен, комисијата немаше прецизен одговор. Функцијата член на судски можел да ја добие и со само еден глас. Сметаат дека е добро да се размисли за воведување цензус.

Георгиев беше единствен на гласачкото ливче, но за да се кандидира, судски ги запре дисциплинските постапки за нестручно работење како екс претедател на штипскиот апелационен суд, и доби билет да биде дел од Советот кој го амнестираше од одговорност.

Во Судски влегува и граѓанската судијка Антоанета Димовска, сестра на пратеничката Калевска-Ванчева. Таа освои двојно повеќе гласови од судијата Лазар Нанев.

Според резултатите, повиците за бојкот и превирањата не влијале врз фелата. Над 80 отсто од судиите застанале зад параванот за гласање.

Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата судии кои незадоволни од состојбите го напуштија Судски.