Loading Video...
Македонија
19. July 2023 - 16:39

САД најавува нова црна листа со 19 функционери од Западен Балкан меѓу нив и од Македонија

Соединетите Американски Држави подготвуваат црна листа со 19 имиња на политичари од Западен Балкан, меѓу нив и од Македонија.. Ова го објави телевизијата Алџезеира коментирајќи го говорот на американскиот пратеник за балканот Габриел Ескобар. Списокот се подготвувал пет години, а целта била да се открие кој ги опструира американските напори за напредок на државите од западниот балкан. Најавата за проширување на црната листа со македонски државјани, според Вицепремиерката за добро управување е дел од напорите на американските власти за справување со борбата со корупцијата.

„Со нетрпение ја очекувам проширената листа. Имињата кои беа досега објавени ги сфаќам само како вовед во процесот. Пак ќе кажам, главната, домашна задача е наша. На нашите институции, на нашите лидери, на сите нас на сите можни начини да покажеме дека можеме и имаме капацитет да изградиме институции кои успешно можат да се справат со било каков проблем“, вели Славица Грковска, Вицепремиер за добро управување.

Последен кој се најде на американската црна листа под сомнеж за вмешаност во корупција и влијаение врз судството е струшкиот градоначалник. Проверките на обвинителството не открија тоа што препознал Вашингтон - ги повикаа обвинителите на поголема ажурност со предметите за Мерко. Дали тој влијаел врз судии, одговор се уште нема.. Судскиот совет го посети судот во Струга, но не открива дали градоначалникот се мешал во работата на судиите. Според Грковска, потребна е поголема ажурност на институциите кога се работи за случаи во кои се вмешани функционери.. Таа денеска повторно го осуди однесувањето на нејзиниот колега Груби кој својот кабинет вчера го претвори во штаб на ДУИ за лидерот на партијата да може да се сретне со европските дипломати. Груби ќе бил опоменат, ама и пријавен кај премиерот Ковачевски.

Инаку, по Мерко, американските власти на црна листа ставија и македонска компанија која работела на шпионски софтвер. Фирмата Сајтрокс прозведувала и продавала компјутерска програма именувана како Предатор, а служи за нелегално прислушување на телефони. Агенцијата ОТА пак денеска ги отфрли политичките обвинувања дека го користела таквиот софтвер.. Велат, прислушување има само со судска наредба, а софтверот од црната листа ниту бил набавен ниту пак употребен за следење на комоникациите на граѓаните.