Македонија
31. July 2023 - 16:32

Судски совет молчи за посетата на оценската мисија

Судски не бил единствена адреса на која тимот на Хрватин барал одговори за работата на советот. Според информации на Сител, оценската мисија на ЕУ се сретнала со претседателката на Врховниот суд, а на самиот крај од дводневната посета, европските претставници разговарале и со невладините кои ја следат работата на Судскиот совет. Хрватин не откри што ќе истражува, а одговор на прашањето не даде ниту советот. Според експертите, ваква мисија не е реткост за земјата, а во извештаите се посочуваат слабости на институциите. Дел од нив и се веќе познати.

„Слабостите се веќе воочени. Не се успеа до крај во заштита од политички влијанија, Не се успеа функционирање на независниот судски буџет, работата на судиите која досега беше темелена само на репресивна основа“, вели Владо Камбовски, Академик.

Според Камбовски, неопходно е заострување на критериумите за состав на советот. Вели, истакнат правник не се бара во партиски штаб.

„И без некои критериуми знаеме кои се врни правницни, од кои кругови доаѓаат. Сигурно не доаѓаат од некои партиски штабови, туку доаѓаат од редот на истакнати професори, адвокати, поранешни судии кои зад себе имаат долгогодишно чисто искуство“, појаснува Камбовски.

Посетата на специјалниот тим на ЕУ следеше по само еден ден откако новоизбраниот член на судски совет си даде оставка за да може неговиот син да биде избран за судија. Сега, советот на нови избори ќе бара судија од Врховен кој ќе седне во испразнетото место. Претходно, единствениот кандидат доби поддршка од петмина свои колеги. Седдумина гласачкото ливче го направија неважечко.