Македонија
1. August 2023 - 16:38

Пендаровски со Вучиќ во Прохор Пчински, Ковачевски на Кале а Џафери и Мицкоски за Илинден одат на Мечкин Камен

Пендаровски на Пелинце, Ковачевски во Скопје, Џафери на Мечкин камен. На овие три локации државниот врв ќе ја одбележи 120 годишнината од Илинденското востание. Шефот на државата, ќе го посети и мeстото каде се одржало првото заседание на АСНОМ. Во Прохор Пчински, Пендаровски ќе се сретне и својот колега Вучиќ.

Според експертите, таквиот начин на чествување е подобрување на односите меѓу двете држави како резулатат на иницијативата Отворен Балкан, но и надминување на спорот со Српската православна црква..

Премиерот во друштво на вицепремиерите Груби и Битиќи ќе одат на Скопското Кале. Но, за Атанасовски, тоа не е локација од каде треба да се испратат пораки во чест на празникот. Вели, тоа е место каде македонците се спротиствиле на наредбите од Белград..

Атанасовски е изненаден што поранешниот бугарски премиер, Петков чија партија е дел од владината коалиција ги сменил погледите кон историјата. Наместо за соработка, сега тој говори за национални прашања.

Претседателот на Собранието, со министрите Николовски, Тренчевска и Шаќири ќе слави во Крушево. Владината делегација ќе се поклони и ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на паднатите борци на Слива.

Таму ќе биде присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Традиционално, Мицкоски ќе го посети и струшко Ташмаруништа.