Македонија
4. August 2023 - 16:42

Антикорупциска со предлог до Обвинителството за нова кривична одговорност за Мерко

Долгиот список обвиненија за градоначалникот Мерко, ќе го надополни антикорупциска. Бара, струшкото обвинителство кривично да го гони за незаконско назначување в.д директор на основно училиште. За прв човек на образовната институција, назничил лице со завршено средно која работела како наставничка и без положен испит за директор. За таа да ја добие функцијата, Мерко го заобиколил и училишниот одбор. 

„Посоченото службено лице не ги исполнувала условите за наставник и в.д директор што е постапување спротивно на законот, односно, постојат сомнежи дека е сторено кривично дело од страна на градоначалникот на општина Струга со нејзиниот избор за вд директор. Понатаму, градоначалникот на Струга не донел одлука за училишниот одбор да објави одлука за јавен оглас за избор на директор и двапати, едно по друго, ја именувал за вд директор, иако, не ги исполнувала условите и постојат сомнежи дека е сторено кривично дело“, вели Шемси Салаи, член на ДКСК.

Незаконската директорка ја открил Државниот просветен инспекторат кој ја алармирал антикорупциската комисија. Нивните проверки откриле дека наставничката која застанала и на чело на училиштето, брзо напредувала во кариерата. Функцијата и послужила да го зголеми и фондот на часови. Според документите таа по професија била апсолвент.

„Самата на себе го зголемила фондот на часови како наставник, односно, се потпишала и како в.д директор и како работник на тој договор па постојат сомнежи дека лицето постапило спротивно на законот, односно, ја злоупотребила должност што е кривично дело“, објасни Салаи, член на ДКСК.

Антикорупционерите на денешната седница побараа разрешување на заменик директорот на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информаци.. Обвинија дека Велмир Азири иако немал правен факултет, Собранието го избрал да ја извршува функцијата.

„Кои биле тие членови што не сакале ова да го видат, па после некој ќе ги прашува, го видовте ова?  Мора вака да ги повикаме за да престанат со ваквите глупости. Тие што го направиле пропустот, што го пуштиле да дојде до тука тие ништо, да не ги чепкаме, да продолжат да прават што сакаат па после политичко влијание. Што е ова? Не е само политичко влијание, туку криминал!“, вели Нури Бајрами, Член на ДКСК. 

Комисијата за спречување комисија како криминал ги оцени и постапките за промена на планот во Карпош за бензинската на Пуцко Петрол. Предлагаат распушање на општинскиот совет и кривичен прогон за советниците и градоначалникот.