Македонија
10. August 2023 - 19:55

Врховен нема да ги воедначува казните по пресудата за смртта на Магдалена

Драстичното намалување на казната на возачот од Велес кој прегази 11 годишно девојче, на тест ги стави правосудните институции.

Од Врховен велат треба да има единствен модел при одредување на казните со жртви во сообраќајот, но различните околности на секоја од несреќите онвевозможуваат унифицарност на висината на казната.

„Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во овој стадиум на постапување пред Врховниот суд со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет“, појаснуваат од Врховен.

Од таму додаваат дека судот не може директно да интервернира врз одлуки на судовите. Корекции се можни само ако Врховен одлучува за предмет за кој е поднесена жалба. Ниту при вонредно преиспитување на пресуда нема наделжност за корекција на затворската казна ако таа е во рамки на границите која за сообраќајки со жртви се движи од 4 до 20 години.

Ваквото појаснување следи откако Судскиот совет најави дека ќе ја преиспита одлуката на Апелација за намалување на казната на велешанецот, ама го повика и Врховен да обезбеди единствена судска пракса за кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Дека одмерувањето на казните е сложено прашање, потврдуваат и ескперти кои вчера за Сител рекоа дека тешко се прави разграничувањето дали несреќата е направена со умисла или од небрежност. Како проблем се потенцира и разликата при оценување на олеснителните и отежнувачки околности како случајот со возачот од Велес кај кого велешкиот суд не препозна искрено каење, но апелационите судии заради таквата изјава повеќе од двојно му ја намалија казната.