Македонија
12. September 2023 - 16:36

Брисел подготвува став за измените на Кривичниот законик, власта тврди дека нема партиски пазар

Дали измените на Кривичниот законик се нова сламка за спас на корумпирани функционери или и досега постоеа механизми да се избегне затвор доколку се злоупотребуваше службената положба? Во јавноста се крена бунт откако набрзина се изгласаа новите измени на Кривичниот законик, но според директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска, новите законски измени не треба да се релативизираат.

Проблемот треба да се гледа како целина, односно што се случуваше пред тие да се изгласаат. Одговорите да ги бараат и Советот на јавни обвинители и судскиот совет, за тоа зошто судски премети со години се чувале во фиоки и се одолговлекувале, а дополнително и постоењето на амнестијата која се употребуваше да се празнат затворите.

Дека измените на Кривичниот законик не се никаков пазар ниту пак за амнестија на некој,  тврди заменик министерката за правда. Во изјава за МТВ вели тие се донесени за македонското судство биде на исто ниво со европското.

СДСМ и ДУИ да престанат да се мешаат во судството, реагираат од партијата БЕСА. Измените во Кривичниот законик не само што уште толку ќе го поттикнат криминалот и корупцијата, туку се и спротивни на вредностите на вистинска демократија.

Според Институтот за демократија, новите измени ќе бидат мотив дополнтелно да се зголеми корупцијата во земјава.

Додека власта и опозицијата секојдневно со препукувања дали новите законски измени се добри или не, во Брисел истите се разгледуваат и по заклучокот ќе го соопштат и нивниот став, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

На законските измени почнаа да се повикуваат и адвокатите во тековни судски предмети, па очекувајќи да почне нивната примена бараат одложување на судењата поради целисходност на постапката. Ваквата пракса ја потврдија и од Коалицијата Сите за правично судење.