Ескобар: Законите да се усогласат со тие на ЕУ, а не само со македонскиот Устав - корупцијата пак рана во регионот
Трнлив македонскиот пат до Европската Унија, секојдневно од страна на европските претставници низа критики, што се треба да смени Македонија за да стане дел од европското семејство. Брисел со прст посочува, но и осудува- Македонија има потреба од реформи, но по европски стандарди.
Измените на Кривичниот законик со рекација и од САД- Македонија да се погрижи нејзините закони да се во согласност и со ЕУ, не само со нејзиниот Устав, коментира специјалниот претставник на САД за Западен Банкан, Габриел Ескобар за РСЕ. Корупцијата останува како најгорлив проблем.
Систематски проблеми и во областа за човековите права, коментира Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија. Македонија е во важна фаза за европска интеграција, но членството се заснова на длабоки промени, вели тој на претставувањето на Годишниот извештај на Агенцијата за темелни права на ЕУ, што се одржа во македонското Собрание.
Покрај критиките, сепак Европската Унија ќе потроши околу 10 милиони евра за да ги поддржи институциите во Македонија кои работат на полето на правдата, организираниот криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права. Проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, во земјава ќе трае 3 години.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
