Македонија
4. October 2023 - 16:48

Фелата бара реизбор на обвинители и судии

Обвинителката Фетаи предлага ремонт во правосудството. Ниската доверба од граѓаните, вели, покажува дека промена во законите повеќе не е опција. Спас гледа во реизбор на апелационите и врховни судии, а тоа да се примени и за вишите и обвинителите од Државното обвинителство. Смета дека тие одредувале каква правда ќе одредуваат основните судови и обвинителства.

Предлогот за реизбор беше понуден на конференција за правосудството, со централна тема, состојбата во Судскиот Совет. Според експертите мора да има критериуми за разрешување на неговите членови, но и цензус за избор. Бараат да се забрани кандидатот да гласа сам за себе.

Ставовите на фелата не ги слушна заменик министерот за правда. Аврамовска-Мадиќ се обрати пред присутните и ја напушти конференцијата. Но, според неа, државата покажала напредок, а тоа го евидентирала и Европската Унија. 

Во меѓувреме, специјален тим на ЕУ двапати доаѓаше во земјава да открие кој и што го предизвика расколот во Судски. 

Странските експерти денеска порачаа дека во правосудството може да бидат само најдобрите правници кои се отпорни на влијание. Велат, поради строгите критериуми во Германија, судиите и обвинителите уживаат доверба поголема и од свештениците.