Ковачевски: С. Македонија е во одлична позиција на патот за полноправно членство во ЕУ
Македонија се наоѓа во одлична позиција на патот за полноправно членство во ЕУ, порача Премиерот Димитар Ковачевски на ден пред одржувањето на неформалниот состанок на Европскиот совет во Гранада, Шпанија.
Тој иако не го коментираше работниот документ на Германија и Франција за стратешките промени во Унијата од она што го видел смета дека е позитивен за нашата и земјите од регионот. На состанокот на 27-те членки покрај проширувањето за кое Ковачевски рече дека е високо на агендата на ЕУ, ќе стане збор и за безбедноста во Европа, миграцијата и поддршката за Украина.
- Во рамките на ЕУ се води дебата за подготовката на Унијата за прием на нови членки и процесите на пристапување кои што самите земји ги имаат. Ние се наоѓаме во одлична позиција, со оглед дека минатата година ги почнавме преговорите. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување. Ќе постои динамика и на страната на земјите-кандидати за членство, меѓу кои сме и ние, но и на динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето со повеќе земји-членки, рече Премиерот Димитар Ковачевски.
Денеска пак во Шпанската покраина се одржува состанок на Европската политичка заедница формирана од Францускиот претседател Макрон минатата година во Прага како сојуз против рускиот напад врз Украина.
Присутни се 47 шефови на држави и Влади, освен Русија и Белорусија.
Иако и на двата самити ќе се разговара за итни прашања кои ја засегаат Европа, обврзувачки одлуки нема да има.
Во Гранада Ковачевски ќе оствари билатерални средби и со Премиерите на Холандија и Ирска, како и со потпретседателот на Европската Комисија.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар