Бизнис
12. October 2023 - 16:39

Поскапуваат антидепресивите и витамините, цигарите по стара цена

Цигарите не поскапуваат од утре, туку од Нова година. Зголемената акциза ќе се применува од 1 јануари, појаснуваат од Министерството за  финансии. Но, повисока цена ќе имаат суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите. На дополнителни 500 производи се зголемува ДДВ од 5 на 10%. Меѓу нив се витамините за трудници, додатоци на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца, мултивитамински препарати кои содржат Б, Д и Е витамин, магнезиум, витамин Ц од 1,000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидратација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница. Кај дел од прехранбените производи пак, кои беа ставени на листата луксузни, данокот ќе се врати на 5%. Од власта признаваат дека имале пропусти во одлуките.

- И таму се инетевенира. Добиваме и несогалсувања за одредени продукти кои се ставени на листата да се даночат со 10%, но морам да кажам дека таа стапка е повластена, односно не е 18%, туку 10%, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер.

Високите цени на храната ќе се намалат по усвојување на законот за нефер трговски практики, смета министерот за економија Бектеши. Наместо 30 - 40%, работите кои маркетите им ги бараат на произвдоителите или дистрибутерите ќе се ограничат на 10 отсто.

- Ова законско решение ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговија во делот на земјоделските и прехранбените производи и нема да дозволи можност за да се користи моќ на една компанија врз други компании. Ова би требало, веднаш откако ќе стапи на сила, да делува на намалување на цените на овие производи, во подобрување на квалитетот на производите, а секако и во предвидливоста и сигурноста на добавувачите и потрошувачите“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Граѓаните пак, со страв влегуваат во маркет да пазарат. Владините мерки за замрзнати цени, не вродија со плод, сметаат од Синдикатот.

- Граѓаните се на голо прежививање. Џабе беа владините мерки, кога работниците немаат пари да го истуркаат месецот, изјави Иван Пешевски, од ССМ.

Од власта уверуваат дека буџетот не е празен, туку одлуките се носат согласно даночната реформа. Нивните очекувања се дека со мерките ќе се задржи стандардот и намали инфлацијата, за која вчера ММФ предупреди дека сепак ќе остане двоцифрена. Предвидуваат трошоците за живот оваа година да  пораснат за 10%.