Бугарија воведе такса за транзит на руски гас, можно поскапување на парното и струјата
Бугарија воведе такса за транзит на руски гас, можно е поскапување на парното и струјата кај нас. Со уредбата, која веќе стапи на сила, секоја земја која купува руски гас и истиот се испорачува преку Бугарија, ќе плаќа 10,76 долари за 100 кубни метри. Регионот веќе е во паника. Кај нас надлежните молчат. Дали оваа давачка ќе ја зголеми цената и за колку, не добивме одговор. Најголем потрошувач на гас е топланата Тето за производство на струја и ЕСМ за произвдоство на топлинска енергија. Експертите велат – секоја дополнителна давачка ќе ја зголеми крајната цена.
Тоснко Константин Димитров – Секако дека ќе се одрази врз цената. И ние ќе ја платиме, затоа што немаме избор, немаме алтернатива. Имаме приклучок само кај Крива Палнка, зборевме за приклучок во Гевгелија, долго, едно 4,5 години. И само зборувавме, ништо не се направи, изјави Константин Димитров, експерт за енергетика. За разлика од нас, српскиот претседател Вучиќ веднаш реагира- оваа давачка драстично ќе ја зголеми цената на гасот. Вели дека ова е застрашувачко поскапување и ќе разговара со бугарската страна,. Што може да се направи. Парното во Србија од 1 ноември треба да посокапи за 10 отсто, но новата такса дополнително ќе ја зголеми цената од 10 до 20%.
Кај нас, цената на парното се уште не е променета. Регулаторната КОмисја ќе носи одлука откако ќе се поправи мостот Беласица. Од ЕСМ велат дека се обезбедени колчини на гас за до крајот на овој месец.
Инаку Бугарија со оваа давачка планира да инкасира 1,2 милијарди евра приход и на тој начин да им се исплати изградбата на гасоводот Балкански тек за само една година.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
