Македонија
18. October 2023 - 16:49

Симулација на прва помош при земјотрес организирана од Црвениот крст

Со два хелихоптери, 40 возила на Црвен крст, Брза помош, полиција, пожарна и со над 400 учесници, денеска во Градскиот парк се изведе симулација на земјотрес.

Сликата речиси како и реалност- со пожар, врисоци, исценирани повреди на граѓаните затекнати во земјотресот, пружање на прва помош, преврски, дури и мртовечница каде се пренесуваа загинатите од симулираниот земјотрес, спасување со хелихоптери, беше денешната атмосфера во Градксиот парк. Вежбата имаше за цел да ги прикаже капацитетите на Црвениот крст и државата за справување со итни и кризни ситуации.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски по оваа вежба укажа на капацитетите на подготвеност кои ги поседуваат државните и граѓански институции доколку се случи ваква катастрофа.

Црвениот крст низ годините одговорил на многу предизвици, па денешната вежба покажа дека тие како организација заедно со државните институции се подготвени да се справат и укажат помош при големи катастрофи, како земјотресот во Скопје пред 60 години, вели генералниот секретар на Црвениот крст.

Вежбата на Црвениот крст беше под покровителство од претседателот Пендаровски, а беа вклучени и повеќе министерства, државни институции како и граѓански организации.