Светска банка: Македонија со најнизок раст и највисок буџетски дефицит во регионот
Растот на функционерските плати од април и на административците од септември, заедно со високите маржи кај трговците и задоцнетите ефекти од преземените мерки за заштита на стандардот кај граѓаните, влијаат инфлацијата да се задржи на високо ниво.
Македонија годинава ќе има најнизок економски раст од регионот, највисок буџетски дефицит и висока инфлација од 9,1 отсо, предвидува Светска банка во најновиот извештај. Растот почна да забавува во вториот квартал, поради намалената личната потрошувачка, која е нејзин важен двигател.
Граѓаните се воздржуваат од трошење бидејќи цените се високи, а Владата за да ги заштити презеде мерки, кои пак го зголемија фискалниот дефицит.
Фискалниот дефицит е највисок во регионот. Треба да се подигне свеста дека парите не се неорганичени. Се субвенционира електричната енергија за сите граѓани, но светлата кај вас постојано светат.
Јас не сум видела толку светла никаде. СЕ носат мерки за да се заштити стандардот, но постои цена за тоа, а тоа е зголемување на дефициотот и јавниот долг, изјави Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан
Порастот на минималната плата ќе придонесе за пораст на платите во јавниот сектор, од март следната година, кои повторно ќе притискаат врз инфлацијата. Но, високите маржи Светска банка очекува да се намалат, затоа што граѓаните купуваат само тоа што им е неопходно.
Светска банка препорачува структурни реформи и усогласеност на фискалната и монетарна политика. Очекуваат Народната банка и следната година да ги зголемува каматите, за да падне инфлацијата, но и владата велат дека мора да преземе мерки, односно парите да ги насочи кон капитални инвестиции кои носат развој.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
