Анализа: Чија грешка е нападот врз Штекли во најголемиот трговски центар и дали недолжни цивили се ставени во ризик
Загрозена е безбедноста на граѓаните, а МВР потфрли што дозволи во ист трговски центар, во ист човек, за два месеци да биде пукано со огнено оружје. Ова е оценката на екс-началникот од МВР, Гурчевски, кој вели дека министерството требало да преземе превентивни мерки, за да не се случуваат убиства во трговски центри. Податоците каде се движат и со кого комуницираат криминалните лица, МВР ги има и затоа затоа требало да го зајакне полициското обезбедување, вели Гурчевски.
Ова е најголемо нарушување на безбедоностата состојба, затоа што се случува на многу фрекфрентни и јавни места. МВР требало да преземе посериозни превентивни мерки, затоа што тие имаат оперативни податоци во која кафана, со кој се дружат, во кој период од денот. Знаејки го ова, тие требало да постават повеке полоициски службеници, затоа што никој не би се осмелил да пука кога ќе види униформирано лице, вели Љубомир Гурчевски, екс-началник на МВР.
Обезбедувањето во трговските центри ја нема улогата да делува превентивно. Согслано законот, тие не смеат да носат оружје, освен ако имаат посебна лиценца. Нивната улога е да спречат нарушување на јавниот ред и мир, додава Ѓурчевски.
Согласно законот не смее да носи оружје, Нивната улога повеќе е да се спречат тепачки.За тоа треба посебна лиценца, додава Ѓуречевски.
Ѓурчевски не е оптимист дека нападите ќе се смират. Напротив, очекува во иднина да има зголемен број на вооружени престелки. Поранешниот началник апелира- за да не страдаат невини лица – МВР да одговори на задачата, одосно да ги преземе сите потребни мерки за да спречи вакви пукања со оружје на јавни места.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
