Таксата за руски гас ги скара бугарските политичари, Бектеши смета дека со ваквата одлука сме уценети
Бугарската такса за транзит на руски гас ги скара и политичарите. Откако вчера претседателот на Бугарија, Радев поднесе претставка до Уставниот суд да ја преиспита одлуката за овој данок, премиерот и министерот за финансии го обвинија дека работи против националните интереси на Бугарија, штитејќи ги на Гаспром.
„Мислам дека тоа не е легално и дека не требало да го направи тоа. Тоа е спротивно на интересите на Бугарија. Можеби тој ги штити интересите на другите земји - Русија, Унгарија, Србија, не знам, но ова не заштита на бугарските интереси“, изјави Николај Денков, премиер на Бугарија.
„Она што изненадува е што претседателот на републиката не го штити националниот интерес. Барем не го штити како што јас го разбирам. Националниот интерес е интерес на Република Бугарија, а не интерес на Руската Федерација или Газпром. Со ова е чинот на претседателот на Бугарија кој се декларира за бранител на „Газпром“ спротивен на бугарскиот национален интерес и политиката на Бугарија и ЕУ како што ја спроведува нашата влада. Ова е срам за претседателските институција“.вели Арсен Василев, министер за финансии.
Министерот за финансии, Василев вели, таксата треба да ја плати Гаспром, а не Македонија, Србија или Унгарија. Затоа, според него, нашата земја нема право да бара отштешта.
Сепак, индиректно зголемените трошоци „Гаспром“ ќе си ги наплати преку повисока цена од земјите кои се снабдуваат, меѓу кои и нашата.Министерот за економија пак, не ја коментира изјавата на буграскиот министер за финании и вели дека не ја оспорува таксата, која Бугарија ја наметна, туку количините гас кои треба да обезбедат. Бараат од Бугарија да ослободи повеќе простор за набавка на гас од други извори мета дека има право и ќе бара отштета.
Не е спорна таксата, спорна е количината. Мислам дека со ваквата одлука сме уценети, вели министерот за аекономија Крешник Бектеши.
Инаку Бугарија воведе такса од 10 евра за мегават час за транзит на руски гас од 13-ти октомври. Првите приливи од новата давачка очекува да им бидат исплатени на 14-ти ноември
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
