Загриженост по измените на КЗ
Европската Унија загрижена за измените на Кривичниот законик кои секојдневно застаруваат судски предмети и ослободуваат од одговорност поранешни функционери. Иако веќе измина речиси два месеци откако се донесоа измените, ЕУ денеска повторно изрази изненаденост зошто немало ефективна дебата со Европската Комисија кога се носела оваа реформа. Загрижени се дека ќе изостане кривично гонење за судски предмети кои се од висок профил, вели еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.
Оценката за тоа како функционира правосудсниот систем во Македонија за брзо ќе покаже извештајот на Европската Комисија, но и еврокомесарот за правда и министерката за правда на Кралството Шпанија, денеска на министерскиот форум во Собранието посочија на нискиот степен на доверба во судството во земјава. Велат, за влез во ЕУ најважни се реформите во судскиот систем, а колку побрзо ги спроведеме реформите, толку побрзо и ќе се приклучиме на европското семејство.
Денеска во Собранието се одржа министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан во областа на правдата, каде домаќин беше нашиот министер за правда Кренар Лога, а во фокусот на дебатите беа темите за унапредување на правото и судските реформи.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
