Македонија
30. October 2023 - 16:33

За 40% зголемен бројот на македонски ученици кои сакаат да студираат во Франција

Се повеќе нашите ученици бараат да учат факултет надвор од Македонија. Бројките покажуваат дека секоја година европските универзитети се опција каде македонските студенти одлучуваат да го продолжат своето високо образование. Учениците велат надвор има повеќе опции и можности за студирање, но сепак има и ученици кои што сакаат да студираат надвор за потоа да го применат знаењето во Македонија.

Тоа што бројот на студенти кои ја напуштаат земјава за да се стекнат со подобро образование од година во година се повеќе расте, според министерот за образование Јетон Шаќири, нашите универзитети треба да го земат како предизвик. Да ги искористат сите ресурси да ги задржат нашите студенти дома и да им ги понудат потребните услови, но и да привлечат странски државјани да студираат во Македонија.

Оваа учебна година, за 40% е зголемена заинтересираноста на македонските ученици да учат на некои од француските универзитети, вели амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.

Францускиот институт во соработка со Еразмус денеска организираше саем, каде средношколци и студенти имаа можност да ги разгледаат понуди за студирање во Франција или пак да остварат универзитетска соработка.