Бизнис
30. October 2023 - 21:16

Битиќи не верува дека Солидарниот данок ќе падне на Уставен

Тројно помалку пари од планираните 90 милиони евра ќе се соберат од Солидарниот данок. Третина од фирмите не ја платиле давачката во предвидениот рок и сега ќе плаќаат казни. Од вкупно 150 успешни  компании кои ги исполнувале критериумите, данокот го платиле 96. Од нив собрани се 33 милиони евра. Меѓу нив има и државни претпријатија., како што е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сите обврзници, без разлика дали се јавни или приватни, морало  да платат, вели вицепремиерот Битиќи.

 „Има некои, со тоа што се даночни обврзници, не можат да имаат поинаков третман! Секоја компанија, без разлика дали е јавна или приватна, која ги исполнила условите од солидарниот закон, мора да ги врати обврските. Има најмалку 5 фирми, чудно ќе ви се чини дека тоа е Јавното претпријатие за стопанисување со шуми и некои помали и  јавни и државни претпријатија кои имаат помали финансиски обврски“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Стопанската Комора  го оспори данокот пред Уставениот суд, затоа што смета дека е ретроактивен и  дестимулативен за оние кои добро работеле. И додека се чека одлуката на Уставен, која се уште не го ставила на дневен ред, вицепремиерот не верува дека  ќе  биде во корист на бизнисот

Не верувам дека ќе падне на Уставен. Но ако дојде до тоа, секако дека ќе ја почитуваме одлуката и парите ќе им бидат вратени  следната година, додава Битиќи.

Според првичните проценки, владата очекуваше да собере околу 90 милиони евра од овој данок. Парите би се насочиле за антикризни мерки, за помош на најранливите домаќинстава.  ж

Казните пак, за тие што не платиле се движат од 1,800  до 20 илјади евра, зависно од големината на субјектот.