Синохидро има рок до нова година да го изгради автопатот Кичево-Охрид, потоа Владата ќе одлучува што понатаму
Кинески Синохидро има рок до крајот на годината да го изгради автопатот Кичево Охрид, потоа Владата ќе одлучува дали ќе ја продолжи соработката со нив или ќе бара нов изведувач.
Најдобрата опција за завршување на автопатот, според министерот за транспорт, Бочварски, треба да се донесе без политички притисок, туку со стручна анализа. Ангажманот на експерти за Фидик договори треба да покаже како свлечиштата и косините да се санираат, но и какви финански импликации би се појавиле од страната на меѓународниот арбитражен суд, кој е наведен во договорот.
- Ова значи дека по утврдување на сите овие правци, коишто ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобарата политичка одлука, којашто ќе ја донесеме и за завршување на автопатот, но и за за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните – рече Бочварски.
Автопатот Кичево Охрид се гради 10 години и се уште не е завршен. Изградбата на 57 те километри почна во 2014 та година. Од првичните 374 милиони евра, достигна вредност од скоро 600 милиони евра.
Треба да биде готов до крајот на годината, за што треба да се изградат уште 14 километри, на кои се појавиле 11 свлечишта, информираше вчера премиерот.
Прстот за пропустите го впери во проектантите и самиот изведувач. Конечната одлука што ќе се случува со автпатот, на крај треба да ја донесе Собранието, бидејќи договорот е одобрен од нивна страна.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
