Бизнис
10. November 2023 - 16:33

Прогнозите на НБРМ се реални, различни се начините на толкување на бројките

Реални се прогнозите на Народната банка за македонската економија. Разликите во бројките за инфлацијата меѓу неа и Владата, зависат од начинот на толкување, велат експертите.  

Но и двете страни се во право. Ако се зборува за месечна, можно е да биде под 6%, како што очекува власта, но просечната инфлација ги зема во предвид 12те месеци и таа ќе биде под 10 отсто, односно 9,5, како што објави Централната банка. Она што е важно за граѓаните, според експертите, е дека цените никогаш нема да се намалат, туку дека од следната година ќе се стабилизраат.

Овие цени нема да се вратат назад. Ние треба да спречиме драстично да се зголемат. Но мислам дека нема тоа да случи. Ќе стивнат ризиците кои ја подгреваа, како војната во Украина и конфликтот Хамас-Израел. Она што ме плаши е герамнската економија, која е во рецесија, а голем дел од компаниите кои се лоцирани во ТИРЗОВИТЕ, работат за герамански комапнии, вели Синиша Наумовски, економски експерт.

Евентуални ризици за повисок пораст на инфлацијата се изборите, каде што владата ќе носи одлуки, како зголемување на плати и пензии, за да привлече нови гласачи. Но затоа, регулаторите ќе треба да реагираат.

Како и секоја влада пред избори -  ќе зголемува плати, пензии. Но мора да има  синхронизација меѓу монетарната и фискалната политика. Јас имам чувство како да не се координирани, додава Наумовски

Наумовски е поголем  песимист за економскиот раст од оној кој го објави Народната банка. Очекува оваа година да достигне најмногу 1,5 отсто. А прогнозите на НБРМ се 1,9%.  Подобри бројки, односно 3% раст  се предвидуваат за следната година