Македонија
15. November 2023 - 16:48

Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти 10 годишно дете кај “Пластичарска”

2 години и 3 месеци затвор за 21-годишниот Шукри Зaќири кој пред околу еден месец на булеварот кај “Пластичарска” прегази 10 годишно дете кое загина на лице место. Со автомобилот мерцедес возел 76км/час во град каде максималната брзина е 50 и откако го прегазил 10 годишниот Мануел избегал од местото и не укажал помош. Судијката при одредување на казната зема предвид тоа што детето не ја поминало улицата на пешачки премин.

Родителите на починатото дете ќе поднесат жалба за пресудата. Очекувале најмалку 10 години затвор за обвинетиот Зекири, но велат ништо не може да ја надомести болката за загубеното дете.

Претходно обвинетиот Зaкири ја призна вината и се покаја за стореното дело, што беше вклучено при одредување на казната затвор. Судот одлучи тој да остане во куќен притвор се до правосилност на пресудата, а притворот веќе му се брои во издржувањето на казната.

Тој нема да може да управува со моторно возило 3 години откако ќе излезе од затвор.