Анализа: Каде би се градела и колку би чинела првата пруга?
Скопје-Ниш по брза траса да се пристигнува за два часа- ова се предвидувањата за отворањето на нова пруга со нашиот северен сосед, каде утре министрерот за трнспорт и врски Бочварски и неговиот српски колега ќе потпишат меморандум. За до Ниш да се стигнува за 120 минути, возот предвидено е да движи 160км/час. Затоа не само што ќе треба да биде изградена нова пруга, туку и нови надвозници и подвозници, како и реконструкција на делници. Според експертите, проектот би требало да чини некаде до 1ипол милијарда евра, пари што ќе ги бараме од Европската Унија.
Оптимистички или не, ако се гради по 10км годишно, оваа пруга би требало да биде готова за 6 години, сметаат експертите, но сепак зависи и од ажурноста на фирмата која ќе го гради проектот.
Додека во сите европски земји, најмногу се инвестира во железничкиот сообраќај, во Македонија во моментов од една точка до друга не може да се пристигне со воз. Железници се еден од најголемите загубари во земјава, со долг од околу 65 милиони евра. Ако граѓаните во Европа го користат возот да пристигнат од една земја во друга за само неколку часа, во Македонија моментално не сообраќа ниту еден меѓународен воз.
Останува да се види, дали и оваа новонајавена пруга до Ниш ќе заглави по потпишувањето на меморандумот, како што заглавија возовите на Црна Река, но и пругата до Бугарија која се гради со децении.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
