Колку е штетен виралниот пијалок „Прајм” кај малолетниците?
Од 350 до 600 денари во Македонија може да се купи виралниот пијалок Прајм. Иако од Агенцијата за храна и ветеринсрство велат дека го продаваме само витамиснкиот пијалок што е одобрен, сепак на социјалните мрежи, веб сајтовите и црниот пазар лесно може да се купи и енергетскиот пијалок Прајм, кој веќе земјите од регионот го забранија и го отстранија од рафтовите.
Ако најпопуларниот енергетски пијалок во Македонија содржи 100 мг кофеин, пијалокот Прајм содржи дупло. Особено е популарен кај младите поради тоа што е произведен од познати инфлуенсери на кои се угледуваат.
Но кои се штетните последици од консумирање на Прајм кај малолетни лица?
Прајм енеџи иако не е препорачан за деца под 18 години, публиката на инфлуенсерите кои го произведуваат е токму на таа возраст. Не содржи шеќер и е вегански, но затоа содржи над дозволеното ниво на кофеин во енергетски пијалок. Но не само во земјите регионот како Хрватска, Словенија и Босна, и во повеќе земји од светот како Англија, Холандија, делови од Америка и Австралија овој пијалок веќе е забранет.
Цената е вртоглава и онлајн може да достигне и до 30 долари за едно шишенце од 355мл.
Во Србија на социјалните мрежи се споделуваат објави дека ученици наплаќаат по 50 денари за голтка од пијалокот.
Прајм пијалокот кој се продава пак во Македонија, иако е витамински и одобрен за продажба, сепак според Институтот за јавно здравје е содржи преголема доза витамини и минерали доколку ја испие едно дете. Ги предупредуваат родителите да го контролираат внесот на овој пијалок кај нивните деца.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
