Македонија
26. November 2023 - 16:39

Наставници бараат целосно укинување на новата концепција, тужбата до МОН е во подготовка

Учебници по историја за 5 и 6 то нема ни на повидок, МОН се уште трага по рецезенти. Утврдената продолжена дискриминација поради прекршување на правата на учениците и покрај најавената тужба не престанува со нови доцнења во издавањето учебници, а со тоа и на правата на учениците. Од комисијата велат тужбата се подготвува и за извесно време ќе се знае кој се ќе биде опфатен со неа. Она што дополнително го побарале, а немаат се уште одговор од МОН е бројот на учебници кои се уште не се доставени и по неколку месечното доцнење.

Новата концепција која беше донесена во екот на пандемијата, до сега многу пати е оспорена и наиде на остри реакции кај просветните работници и родителите. МОН не наиде на разбирање по барањата да биде целосно укината поради лошите и резултати и последици кои ги предизивка во образовниот процес. Укинување и враќање на стариот концеп побараа просветните работници од Куманово, но за иницијативата упатена до сите надлежни институции се уште не добиле одговор.

Од здружението на кумановските просветни работници велат во основните и средни училишта, дел од учебниците не се доставени, а дел се распаднати и стари. Освен учебници по историја, за одредени одделенија недостигаат учебници по македонски а веќе долго време нема учебник по англиски јазик.