Арсовска се премисли за БРТ, ама не и ВМРО-ДПМНЕ и Левица
„Овој проект на БРТ загуби на последните локални избори во Град Скопје, а изгуби затоа што на граѓаните не им го решаваше основното прашање, а тоа е да имаат повеќе автобуси, побрзо да стигнуваат на местото каде што тргнале, и тие автобуси да го покриваат целиот град. Оваа линија го покрива само делот од Ново Лисиче, па се до Ѓорче Петров, но ниту еден друг крак од градот. Вклучително градоначалничката во таа кампања рече дека ќе ги репреговара условите на тој договор и ние не знаеме дали таа репреговарала дека на Партизанска ќе се руши средното зеленило и на тоа место ќе биде БРТ, како тоа ќе влијае врз водоводните цевки на Партизанска којашто го снабдуваат целиот град Скопје со вода. Не кажа градоначалничката за овој парк позади мене којшто треба да се сруши со планот на БРТ и дека тука треба да биде терминалот за полнење на автобусите, не кажа дали треба да се проектира нов мост, на местото на Обединети нации“, изјави Андоновски за Сител ТВ.
Координаторката на советничката група на СДСМ пак тврди дека била изненадена од тоа што опозицијата и коалицијата не дале поддршка за овој проект, но изрази надеж дека на следната седница на Советот на Град Скопје проектот ќе добие зелено светло од пратениците.
Мн бев непријатно изненадена, вмро-дпмне не знаат што сакаат...
На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за имплементирање на проектот БРТ. Само 19 советници гласаа „за“.
Арсовска во изборната програма ветуваше бесплатен автобуски превоз со нови 250 еколошки автобуси. засега нема најава дека ова ќе се реализира.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
