Советот на јавни обвинители ја дискриминирал обвинителката Ристоска, утврди КСЗД
Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана од Советот на јавни обвинители, одлучи Анидискриминаторската Комисија. Неоправдано , без основ ја игнорирале на огласите на кои се пријавувала за унапредување во Вишото јавно обвинителство. Комисијата , по претставката на Ристоска, утврди тешка форма на дискримацијата во два наврати
- На двата огласа на кои обвинителката Ристовска се пријавуваше за избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, уврдивме дека била дискриминирана од Советот. . Првото објаснување беше дека била млада (додека на истата седница Советот унапреди и помлади од неа). На вториот оглас, Советот измисли проблем кај Ристоска дека била на породилно отсуство, со што, како што констатира Комисијата, повторно ја дискриминира Ристоска, ја понижува во однос на другите кандидати, ја прави нерамноправна зашто била бремена (иако унапредува други бремени и породени обвинителки) и повторно не ја избираат во Вишото скопско обвинителство.,вели Игор Јадровски, претседател на КСЗД
Антидискриминаторската Комисија донесе две препораки- Првата е Советот во иднина да се воздржи од вакви практики и да ја почитува и применува законски загарантираната заштита од дискриминација по сите основи, особено за бременост и мајчинство. А втората е тогашниот претседател на Советот, Антонио Јолевски во рок од 30 дена јавно да и се извини
- Комисјата ќе го следи спровеувањето на мислењето и конкретно за 2 препорака , ако не се извини утврдениот дискриминатор, ќе покренеме прекршочна пријава против него, додава Јадровски
Јолевски не одговори дали ќе ја почитува препораката и ќе и се извини на обвинителката, додека Ристовска се огласи на социјалните мнрежи, каде вели дека Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна поддршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки. Воведувањето на мерит системот, смета Ристовска, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација“.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
