Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања зошто нема старт на преговори со ЕУ
Додека Македонија неизвесно чека во предворјето на ЕУ, власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат кој е одговорен за европската блокада.
- Виновни зошто денес не славиме на отворање на поглавјата и продолжување на евроинтегративниот процес се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Единствената пречка се блокадите кои опозицијата ги прави за усвојување на уставните измени, обвинува СДСМ
Власта да не ја залажува јавноста дека блокадите се поради уставните измени, ЕУ не ни дава зелено светло поради криминалот и корупцијата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Приоритет на новата влада ќе биде токму справувањето со високата корупција и криминалот по што за шест месеци ќе се видат резултатите.
Николовски вели нема да дозволат граѓаните да бидат изманипулирани и покрај обидите на власта да го опструира составот на ДИК.
И додека Македонија се уште е во чекалната и чека датум од ЕУ, Украина и Молдавија добија зелено светло од европските лидери за старт на преговорите со Унијата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
