Бизнис
20. December 2023 - 19:45

Ценовен шок на струјата нема да има, тврди Бислимовски

Ценовен шок на  струјата нема да има, тврди првиот регулатор Бислимовски. Пресметките, по барањата на енергетските компании за зголемување од 27% , се уште се прават , но ваквиот  процент нема да го добијат, вели Бислимовски во интервју за МИА.  Сепак, треба да се земат  предвид и повисоката набавна цена за над 7% на  ЕВН Хоум, како и зголемените трошоци на компаниите

Новата цена на електричната енергија ќе се знае следната недела . Тогаш ќе се соопшти и колку ќе чини  таксата – пристап  до мрежа.

Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува, . Но,  треба да се земат во предвид зголемувањето на набавната цена на ЕВН хоум, трошоците за загуби на електрична енергија кои се зголемија кај електродистрибуција, зголемените трошоци за материјали, зголемените плати во компаниите итн. ,

Воведувањето блок тарифи, според првиот регулатор, се покажало како функционално решение, кое дава одлични резултати. Оние кои повеќе трошат, треба да плаќаат поскапо, но и повисоката цена на струја  да ја платат само тие корисници, сметаaт и од власта.  Според податоците на ЕВН, во ноември во блоковите 1 и 2 имало 690 .000 корисници, 10 илјади помалку, кои поради поголемата потрошувачка преминале во 3 блок. 

Новата ставка пак – пристап до мрежа, ќе ја плаќаат сите домаќинства ,  без разлика дали трошат струја или не.  Сумата за новата давачка, која екепсертите ја оценија како нелогична и повикаа да се направат дополнителни анализи би се движела од  50 до 250 денари.