Растот на просечната плата го зголеми износот на К-15 за газдите кои не го исплатиле до сега
За речиси 1,000 денари е зголемена просечната исплатена плата во октомври во однос на претходниот месец. Достигна скоро 39.000 денари, објави статистиката. Растот на примањата продолжува. Најмногу во јавниот сектор, поради колективните договори, но и во приватниот, во секторите фармација, банки и осигурување, велат од Синдикатот. Сепак и со порастот, примањата се недоволни за нормална живеачка ако се живее со една просечна и една минимална плата.
- Верувајте дека потрошувачакта кошница овој месец ќе надмине 50 илјади денари, така да, порастот не е доволен. Инаку, од статистиката гледаме дека најголем пораст има во секторите водоснабдување, снабдување со електрична енергија, управување со отпад, односно 90% се од јавниот сектор, што можеби потпишаните Колективни договори го зголемиле просекот, но сепак платите треба да растат и во приватниот сектор, за да се мотивираат работниците, вели Иван Пешевски, ССМ
Највисоки плати се исплаќаат во ИТ секторот, над 92 илајди денари, во возодухопловството, над 76 илјади, фармацијата и банките. Покачување има и во преработувачката индустрија, каде просекот достигна скоро 34 илјади денари. Токму порастот на платите го зголеми и износот на регрес за годишен одмор.
Минималната сума надмина 15 илјади денари. Газдите имаат рок уште 10-тина дена да ја исполнат законската обврска. До сега во ССМ, за неисплаќење на регресот пристиганле над 2,000 пријави.
- Ако не се исплати до крајот на годината, ќе следат соодветни пријави. Веќе има кај нас пристигнато над 2,800 пријави. Најголем дел се од најголемиот работодавач, односно државата. Согласно новиот договор, оваа година треба и државните институции да исплатат К-15 од минимум 10,000 денари, додава Пешевски.
Сопствениците можат да исплатат и максимален износ за К15, кој надминува 46 илјади денари. Од Синдикатот велат дека има и такви фирми кои ја исплатиле оваа сума, но, тие се бројат на прсти.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
