Македонија
23. December 2023 - 16:36

Граѓаните се гушат во смог, властите не преземаат мерки

Струмица и денеска најзагаден град но ништо помалку не е ниту Скопје. И денеска според  светските листи, регистрирани се високи концентрации на канцерогени честици.

Смог и магла со денови не се креваат од главниот град а мерки за заштита на граѓаните нема.

Дека и оваа зима нема да се реши проблемот, ни  покажува однесувањето  на локалните власти но и на пратениците. Во собранието беа отфрлени неколку амандманите на буџетот за следната година кои се однесуваа на мерки за конкретно намалување на аерозагадувањето. Не се прифатени предлозите да се одвојат 350 000 илјади евра за инструменти за мерење на тешки метали во воздухот. Во буџетот нема да има пари ниту за поставување на 1000 филтри за отстранување на ПМ честички кај домаќинствата кои се греат на дрва, во една населба како на пример Ново Лисиче како најзагадена. Беше предложено и да се обезбедат средства за шмукувачи на издувни гасови во сообраќајот на три најфреквентни места во Скопје.

„Се работи за вкопани контејнери во земја од околу 800-900 кг вода со вентилатори со автоматско функционирање. Се поставуваат во средишниот дел на булеварите или кај пешачките премини“, стои во текстот на амандманот.

Пратениците не беа заинтересирани ниту да прифатат три милиони евра да се потрошат за промена на начинот на загревање на здравствените и образовни установи кои користат мазут или нафта.