Маричиќ: Без донесувањето на уставните измени, Македонија не ќе може да ги почне преговорите
Неуспехот од донесувањето на уставните измени оваа година, кои се единствени услови да ги започнеме преговорите со ЕУ, за вицепремиерот Бојан Маричиќ, не значи дека 2023та е пропадната на политичко-дипломатски план. Напротив, според него е една од најуспешните години, бидејќи сме претседавале со ОБСЕ, сме учествувале на самити и сме го завршиле скринингот. Промашена вели, оваа година е само за опозицијата.
Но додека Македонија седи во чекалната на ЕУ и пробува да ја убеди опозицијата да ги гласа уставните измени барем следната година, откако оваа не успеаја, од Владата денеска ќе испратат три патокази до Европската Комисија. Со нив предвидено е да се донесат закони во наредните 6-7 години со кои ќе се подобри јавната администрација, ќе се унапреди независноста на судската власт, борба против криминалот и корупцијата кои ќе не приближат до европското семејство. Но сепак и ова зависи од волјата на опозицијата, бидејќи без нивните гласови поголемиот дел од овие закони не можат да се усвојат.
Доколку членките на ЕУ ги усвојат патоказите, ќе се отвори првиот кластер, но без донесувањето на уставните измени, Македонија ќе не може да ги отпочне преговорите, тврди Мариќ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
