Петмина во полициска станица поради нападот во М-НАВ по тројца се трага
Откако упаднаа во М-НАВ и нападнаа вработени, 5 лица денеска се на службен разговор во полиција. Еден од нив е претседателот на чаирскиот огранок на ДУИ, Беким Незири кој е вработен како советник во М-НАВ. Токму стој ја имал улогата на вратар и со неговата електронска картичка од институцијата пропуштил 7 лица да влезат во М-НАВ и да ги нападнат некулкуте вработени дури ги контролирале авионите кои прелетувале над македонското небо. Полицијата трага по уште тројца кои биле инволвирани во нападот.
Од ОЈО чекаат МВР да поднесе кривична пријава.
“Во моментов се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошна постапка соодветно ќе ја информира јавноста.”
Покрај насилство, едно од делата за кои може да одговараат напаѓачите е загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Тој што во воздухоплов ќе внесе експлозивна или слична направа или супстанција, ќе ги уништи или оштети уредите за навигација или ќе предизвика друга штета на воздухопловот, ќе даде лажни известувања во врска со летот, непрописно или неправилно ќе управува со летот, ќе ја пропушти должноста за надзор врз безбедноста на воздушниот сообраќај или на друг начин ќе ја доведе во опасност безбедноста на летот во воздухопловот, ќе се казни со затвор од една до десет години.
За време на нападот над македонското небо прелетувале над 30 авиони.
Според информациите мотивот на напаѓачите било тоа што овие вработени го поддржале синдикатот на вчерашната прес конференција, чии барања неколку месеци се да нема вработувања на партиски и нестручни кадри, како и барање за оставка на директорите.
Бидејќи обезбедувањето на институцијата им ги отворило вратите на напаѓачите, од вчера МВР и полицијата го обезбедуваат М-НАВ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
