Бизнис

Инфлација од 9,4% лани пресмета статистиката

Животот лани бил поскап за 9,4% во однос на  претходната година. Статистиката го објави бројките за инфлацијата. Двоцифрен раст на цените е регистриран кај сите производи. Храната и пијалоците за една година поскапеле за речиси 12 отсто,  од кои најголем скок има кај месото,  над 16%, млекото, сирењето и јајцата - 13, овошјето и зеленчукот – над  10 отсто.  Поевтинило само маслото за јадење и мастите. Пораст на цените  има и за услугите за домување, за струја, вода, парно, смет, поскапела и облеката, обувките, мебелот, па дури и лековите. Пониски цени од рекордите во 22 та има кај гасот и горивата. И додека цените растат,  стандардот паѓа. Синдикатот пресмета дека  на едно семејство месечно му се потребни над 56,500 денари за да преживее. За да ги задоволи, потребни се една просечна и една минимална плата.

Сакам да нагласам една новогодишна честитка за сите креатори на политиките, како за работодавачите, така и за функционерите од власта и опозицијата и од оние што претендираат да ја водат оваа држава, со една посвета од задната страна на честитката дека треба напорно да работат за да ги исполнат минимум условите за преживување на едно 4 члено домаќинство“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ (28.12.2023)

Владините проекции  беа дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 9% додека за оваа плановите се поамбициозни. Се проектира пораст на трошоците за живот од 3,6 отсто.