Палчо наскоро ќе биде испорачан во Македонија, во прашање се денови
Многу скоро Љупчо Палевски Палчо ќе биде екстрадиран во земјава. Неофицијално во завршна фаза е процедурата.
Во прашање се денови или недели кога тој ќе биде испорачан од Турција на македонските власти, откриваат извори од Министерството за Правда.
Откако шефот на државата за Сител изјави дека останало да се договорат само деталите за примопредавање кои биле од технички карактер, од Министерството ги потврдија овие информации, но апелираат политичарите да се воздржат од изјави бидејќи тоа може да наштети на процедурата.
Палчо е во привремен затвор во Беликесир во траење од 40 дена. Турската полиција го уапси на 5 декември откако беше распишана потерница за него.
Во меѓувреме одбраната на таткото на Вања побара куќен притвор за него. Ова барање судот денеска го испратил на мислење во обвинителството. За неколку дена, судија на претходна постапка ќе одлучува дали има услови тој да биде префрлен од ефективен притвор во домашен. Неговиот адвокат образложи дека нема оправдани причини тој да биде опфатен со било каква мерка, па затоа побарал куќен бидејќи на тој начин би му се помогнало на семејството кое е погодено од загубата на 14 годишното девојче.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ побара од обвинителството таткото на Вања да биде повикан на распит бидејќи тој е сослушан само во предистрага. Според него важно е да се побара исказ од него се што знае во врска со случајот и како дошол до снимките кои ги предал во полицијата. Овие видео материјали беа објавувани изминатите денови од српски политичар. Властите молчат како снимките дошле во рацете на странски државјани. Засега според обвинителството овие видеа не штетат на истрагата, а за нивното објавување сметаат дека може да ги вознемири семејствата. Доколку има елементи на кривично дело, ќе ги преземат сите дејствија.
Освен за таткото на Вања, и другите тројца осомничени за случајот со двојното убиство добија нов 30 дневен притвор на 4ти јануари.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
