Изградбата на гасни централи да стартува веднаш, струјата ќе биде двојно пониска
Изградбата на гасни централи да стартува веднаш, а на водородни, за сега е невозможна мисија. Вака експертите ја коментираат најавата на Владата да почне процес на трансформација на производството на струја со гасно водородни централи.
Проект за гасни централи имаше уште во 2016 та, но остана само на хартија. Димитров апелира – да не се бараат странски стратешки инвеститори, туку капиталните проекти да ги гради државата. На тој начин би добиле поевтина струја, која би била најмалку двојно пониска од берзанската.
Изградбата би стартувала многу брзо. За две години може да се стават во функција. Ама за нив треба да обезбедиме доволно гас. За сега имaме само преку Бугарија. Мора да се поврземе и со интерконекторот со Грција и во меѓу време веднаш да изградиме 2 централи. Логично е едната да биде во Битола, а другата во Скопје. Тие би биле со 200-250 мегавати и мора да бидат когенеративни. Тоа значи покрај електрична да прозиведуваат и топлинска енергија. Битола ќе се топлифицира многу брзо. Треба тие гасни централи да ги заменат централите кои се на јаглен. Во Скопје ја имаме ТЕТО, ама таа е туѓа. Струјата од неа ја плаќаме по берзански цени, изјави Константин Димитров, универзитетски професор.
Димитров апелира – термоцентралата Неготино веднаш да се транформира на гас. Котли за тоа има, само треба да се доизградат уште 10 тина километри од гасоводот и да се донесе овој енеренс. Во моментов само таа таа е поврзана со железничка линија, со автопат , и е на пола пат пат меѓу Скопје и Грција.
Таа не смее да се даде. Може веднаш да се трансформира на гас. Тие котли што постојат се комбинирани. Можат да работат и на мазут и на природен гас.
Колку би чинело?
Не се големи пари, 10тици милиони евра, но прво да се направи гасоводот. Тие 10 километри се прават многу брзо, додава Димитров.
Владата го задолжи ЕСМ да почне преговори за потенцијално стратешки инвестотори за овој проект. Премиерот веќе изјави дека би сакал ваквите централи да ги гради Џенерал Електрик. Но Димитров со спротивен став.
Јавно приватно партнерсво се прави кога јас ги инвестирам парите, а добивката ја делиме или за кусо време јас ја земам ти си плаќаш поевтино. Овде јавно партнерство сакаат да направат на грбот на народот. Некој ќе ја направи, а елетричната енергија ќе ја продава по берзанска цена, која е двојно повисока, вели Димитров.
Европската енергетска заедница бара до 2030 та година производството на јаглен да биде целосно заменето со гас или други обновливи извори на енергија. Во моментов, сите изградени ефикасни постојки- сончеви или ветерни, се од приватен инвестотор, кои струјата ни ја продаваат по двојно повисока цена.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
