УЈП спречи поврат на ДДВ со лажни фактури од нафтени компании
Со фиктивни фактури, тројца трговци со нафта и нафтени деривати, преку поврат на ДДВ, сакале да го оштетат буџетот за 2,6 милион евра, и над 300 илјади евра по основ на данок на личен доход, откриваат од УЈП. Разработиле шема со познати 5 добавувачи, со кои си издавале фактури за набавка на нафта, иако немале ни бензиски пумпи, ни скалдишта, ни залихи на нафта, не поседувале ниту лиценца за трговија со нафта, а немале ни вработени. Под лупа на УЈП се од 2020 та година, кога се појавил сомнеж за криминал. Тогаш фирмите го смениле и сопственикот и во трите случаи новите се странски државјани, од Хрватска и Косово.
- Кај првиот и кај третиот случај, првичен сопственик и управител на двете правни лица, пред да се изврши промената во Централен регистар и да се назначи нов основач и управител, било едно исто лице кое во 2023 година го има сменето презимето од семејни причини, а овластен сметководител на двете правни лица е едно исто правно лице, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Доказите за злоупотреба УЈП ги предале до надлежните институци , со што спречен е одлив на милиониски суми од државниот буџет.
- УЈП има доставено писмена пријава до МВР и ОЈО на 15. 11. 2023, а исто и до Управата за финансиска полиција доставено писмена пријава и известување со прилог докази на ден 01.12 . 2023 година. Нема штета на буџетот, заради навремена интервенција.
Фирмите кои скале да го изиграат законот се од кумановски ликовскиот регион и се уште се активни. Согласно законот, УЈП не смее да ги објави имињата се додека трае предистражната постапка во останатите надлежни институции.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
