ЕУ ќе ги штити граѓаните од нефер трговски практики
Граѓаните во Унијата со закон ќе се штитат од нефер трговски практики. Европскиот парламент ја усвои директивата, со која според предлагачот Билјана Борозан, луѓето се ставаат пред профитот. Целта е да не се доведуваат во заблуда потрошувачите кога купуваат одредени производи, со посебен акцент на времетраењето на гаранциите.
Сите апарати за домаќинството, покрај редовната гаранција од самиот производител ќе мора да имаат и задолжителна од 2 години. Истатата ќе мора да биде јавно објавена во продавниците. Истражувањата, според Борозан покажуваат дека најчесто техниката се расипува помеѓу 2 и 3 година по употреба, односно нешто пред или по истекот на гаранцијата. Со новите директиви прозиводителите, за да бидат конкурентни ќе мора да произиведуваат поквалитетна техника.
– Луѓето кога ќе видат 2, мислат дека гаранцијата е само 2, а не 4 години, или кога ќе видат 5, тоа не е 5, туку 7 години. На овој начин ќе се мотивираат производителите да произиведуваат поквалитетни производи, а ќе се демотивираат потрошувачите да купуваат производи по пократок рок, изјави Билајна Борозан, пратеник во Европски парламент
Потрошувачите дополнително ќе се штитат така што производителот ќе мора да им даде информации за можноста за поправка на уредот пред да се одлучат да го купат, како и дали има достапност на резервни делови, колку време се чека на замена и слично.
Исто така трговците нема да смеат да рекламираат одредени прозводои како био или еколошки, без примена на докази, односно без сертификат за тоа. Секоја погрешна информација ќе се смета за измама и ќе биде забранета, стои во новата европска директива.
За да стапи на сила ќе мора да биде одобрена и од Европскиот совет и објавена во Службен весник. Потоа секоја земја членка ќе има 2 години да ја имплементира во своето законодствао. Ваква обврска ќе имаат и земјите кандидати за членство, меѓу кои и нашата.
