Утре ЈСП ќе вози само до 9 часот - од исходот на седницата на Град Скопје ќе се знае дали штрајкот ќе продолжи
На првиот училишен ден од второто полугодие, скопјани ќе останат без градски автобуски превоз., но после 9 часот, кога вработенитѕе од првата смена ќе прекинат со возењето и ќе се преселат на протест пред град Скопје.
ЈСП стапуваа во штрајк поради неисплатената декемвриска плата. Истовремено со протестот, утре советниците на Град Скопје ќе треба да решат дали 11 милиони евра ќе бидат префрлени на сметката на ова градско претпријатие. Советничката група на СДСМ не гледа пречка за позитивна реализација на единствената точка од дневниот ред на седницата, ама од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека нема да дадат зелено светло без отчет за тоа каде се трошат овие пари.
„Досега се дадени рекордни милионски износи за субвенции за ЈСП, а се бележат и рекордни загуби. Притоа ниту ЈСП, ниту Арсовска имаат дадено отчет за тоа како се трошат овие пари. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да прифати без отчет, на слепо и овој пат да се доделат субвенции за ЈСП“, велат од опозициската партија.
Градоначалничката Арсовска стои на ставот дека сега се’ е во рацете во Советот на Град Скопје, дека од нив зависи егзистенцијата на вработените во претпријатието, но и воопшто функционирањето на главната метропола.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
