Македонија
26. January 2024 - 19:49

Џафери и официјално го доби мандатот за техничката влада

Досегашниот собранискиот спикер, Џафери и официјално го доби мандатот за формирање на техничката влада чија задача ќе биде да ги организира парламентарните и претседателските избори.

Џафери во кусо обраќање кажа дека ќе креира соодветен состав на Влада со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните.

Мандатарот утре до Собранието треба формално да го достави предлогот за формирање на техничката влада и нејзината програма. Гласањето е закажано за в недела.