Преглед на вестите од светот
15 илјади полицијаци го чуваат Париз од гневните земјоделци. Со оклопни возила и хеликоптери ќе се обидат да спречат блокада на главниот град, двата париски аеродрома и најголемиот светски пазар Ражис, откако земјоделците со трактори се заканија дека нема да дозволат влез на ниту еден камион со било каква стока во Париз. Тие се против склучување договор за слободна трговија со јужноамериканскиот блок, бидејќи, според нив, ќе се создаде нелојална конкуренција, со влез на евтини увозни произовди. Бараат и подобри откупни цени, намалување на бирократијата, олеснување на еколошките регулативи и откажување од планот за зголемување на данокот за дизелот за земјоделскиата механизација.
-Нашата цел е да извршиме притисок врз владата, за да можеме брзо да најдеме решение за излез од кризата, изјави Арно Русо, претседател на земјоделскиот синдикат FNSEA.
Новиот француски премиер Габриел Атал со согласи да прифати дел од барањата и најави дека ќе презмене дополнителни мерки за заштита на домшаното производтсво, но за земјоделците , ветувањата се недоволни. Министерот за внатрешни работи Дарманен побара од полицијата да покаже умереност и да интервенираат само како последна мерка, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или во случај на сериозно оштетување на јавни или приватни објекти.
Евроспката Унија се закани дека ќе ја саботира економијата на Унгарија, ако стави вето на помошта за Украина.
Ова е Европа што му вели на Виктор Орбан „доста е, време е да си се вратиш на редот. Можеби имаш пиштол, но ние имаме базука“,
Ова го изјави Мујтаба Рахман, директорот на консултанстката компанија за Фајнешал Тајмс.
Според Фајненешал Тајмс, планот од Брисел означува голема ексалација во битката меѓу Унијата и нејзината проруска а земја членка. Во документот експлицитно се таргетирани слабостите на Унгарија, загрозување на нејзината валута, со што ќе се предизвика колапс на довербата на странските инвестситори ако Будимпешта на самиот во четврок повторно стави вето за помошта за Украина вредна 50 милијарди .
Па новите закани, еден од најбликсиуте соработници на Орбан изјави дека Унгароија е отворена за користење на буџетот на ЕУ за финансирање на Украина, што е гоелма промена на нивнвниот став.
Јапонскиот автомобилски гигант Тојота ја прекинува испораката на десет модели возила во Европа. Причина е несоодветна сертификација на нивните дизел мотори.
Водечкиот светски производител на автомобили е вмешан во огромен скандал со наместени тестови , каде моќноста на трите дизел мотори била мерена со софтвер различен од онај што се корислет во нивното прозивдоство, и затоа вредностите се разликувале.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
