Нови избори, стари барања - Бизнисот чека исполнување на приоритетите
Место реформи и прогрес, стагнација и застој. Изборите ќе значат уште најмалку половина изгубена година за бизнисот, каде предвидливоста е доведена во прашање. Барањата и приоритетите од новата влада им се исти веќе 15 години – борба против корупцијата и сивата економија, гасификација на државата, вложување поголеми напори за евроинтергациите
- Помош за компаниитете, ама вистинска, без марифетлоци. Регистација на електронските медиуми, за да не биде бизнисот сардисан од оние кои не одговаарат, да се воспостави контрола на трошење на буџетските средства, да нема нерационални вработувања во администрацијата, изјави Бранко Азески, престедател на Стоспанскта Комора.
Соработката со претходната влада не помина најдобро. На вчерашната средба со поранешниот премиер Ковачевски , Азески го прашал зошто не реализирал ниту едно од барањата на бизнисот
- Ние бевме критички настроени кон оваа влада, каде неместо регулатива, работите се движеа во чепкање на џебот на бзинисот, додава Азески.
Прогласување Недела неработен ден, воведување Солидарен данок, закон за извршители и облагациони односи, со кој неплатените долгови кон компаниите застаруваат за 5 години и каматата не смее да го надмине долгот, беа само дел од законите кои владата ги донесе, а бизнисот ги критикуваше и оспори на Уставен суд. Судот одлучи дека не се противуставни, одговор се чека уште за солидарниот данок.
