Влез по 12 февруари само со нов пасош или патен лист
Нема влез во Макeдонија со пасош без Северна по 12 ти февруари. Околу 25 илјади граѓани кои работат или престојуваат во странство ќе можат да се вратат само со патен лист. Нив ги издаваат конзуларните претставништва, каде мора да се оди лично и издавањето чини 35 евра. Сите лица кои се затекнати и не знаат што да прават, министерот за надворешни работи Османи ги повика да се јават на 24 часовната линија во МНР, од каде ќе им бидат дадени насоки. Но граѓаните реагираат дека на сајтот на оваа институција, нема никакви информации и нема кој да им ја објасни постапката.
Најболно е што државните институции не се огласуваат со никаква формална информација. Ни на сајтот на МНР, ни на МВР нема ништо. Сите за зачудени како една држава, членка на НАТО е толку неодговорна кон сопствевните граѓани. Јас не сум портпарол на таа група луѓе, но за два дена јас добив над 600 повици, луѓето ме прашуваат што да прават, изјави Зоран Кочоски, сопственик на Агенција за посредување при вработување во странство
Проблем е што нема конзуларни претставаништва во сите држави. Аргентина, Словачка, Шпанија, Пoртугалија, Mалта, Кипар, Нов Зеланд, се само дел од нив. Во Северна Америка Конзулат има само во Торонто и Отава , а во Јужна - само во Бразилија. Сега тие граѓани треба да патуваат илјадници километри, да трошат и време и пари, за да можат да се вратат дома.
- Во Африка има Mакедонци. Сите тие луѓе се заглевени. Во Словачка има 400 луѓе кои работата таму, сега ќе треба да одат во Чешка, да издавадат патен листа, за да се вратат. Имаме камионџии кои се заглавени, со стока. Треба да го остават камионот и да трчаат до амбасада, за да извадат документ. Ако на државата и дошло до 35 евра за еден патен лист, тогаш не сме држава, додава Кочоски.
Во моментов има и 230 македонци кои работат на брод. Една од нива е Ангела Павлева, која прашува дали треба да го откаже договорот и да изгуби работа, само за да се врати во земјава
-Сега јас треба да го раскинам договорот, однсно да дадам отказ, за да извадам нов пасош. Но колегите овде, кога им кажувам, се чудат, како е можно да не можеш да се вратиш во сопствената држава, вели Ангела Павлова
Кога процедурата и сложена, а термин за нов пасош се добива по неколку месеци, граѓаните бараат барем да им се олесни постапката. Аплицирањето и добивањето за патниот лист да биде електронски и важноста на самиот лист да се применува и во земјите каде се транзитира. Во моментов никој не им гарантира дека некоја држава, од каде само се поминува, нема да ги врати со обрзложение дека пасошот не им е валиден.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
