Внимателно со трошењето пред избори, да не се вивне инфлацијата
Внимателно со трошењето пред избори. Прекумерното расфрлање со народни пари, може да ја вивне инфлацијата, предупредуваат експертите. Опоравувањето на економијата започна, инфлацијата почна да забавува. Сепак, политичарите да бидат внимателни и да не се опуштаат многу, советуваат економистите, затоа што можат да ја нарушат стабилизацијата.
- Сега треба да бидеме многу претпазливи со внатрешната инфлација. Бидејќи се ближат избори, прекумерното трошење може да ја вивне инфлацијата. Затоа треба со памет во глава да се однесуваме, додава Бауш.
Статистиката измери дека трошоците за живот во јануари се зголемиле за 3,2%. во однос на истиот месец лани. После сериозните затегања на монетраните политики во речиси сите земји, за очекување е дека економијата ќе се опоравува. Но, експертите велат дека предизвик сега е влегувањето во рецесија, поради високите камати.
- Кога имате високи камати, значи дека парите се скапи, а кога се скапи никој не влегува во нови инвестиции. Кога нема нови инвестиции, еконската активност се намалува, што значи влегувате во рецесија, вели Абил Бауш, универзитетски професор.
Инаку, статистичките бројки покажуваат дека за една година, освен транспортот, по повисоки цени се продава се останато. Кај храната двоцифрен пораст на цените има кај овошјето и зеленчукот, алкохолните пијалоци и тутунот поскапеле за над 12%, дури и здравјето, односно лековите и болничките и стоматолошки услуги чинат за скоро 6% повеќе. Пресметано во пари, за нормална живеачка на едно семејство во јануари му биле потребни нешто над 57 илјади денари (57.163) или 7.000 повеќе во однос на јануари минатата година (50.800).
