Над 2.600 производи ќе имаат ограничена маржа од 10%
Над 2,600 производи ќе се продаваат со ограничени маржи до 10%. Министерството за економија ја склопи листата земјоделски и прехранбени продукти, чии цени се очекува да паднат, откако ќе се донесе законот за нефер трговски практики.
Трговците нема да смеат да ставаат повисоки маржи од утврдената на скоро сите видови месо – од пилешко, свинско, мисиркино, па се до месо од зајаци, кит, фока, камили, дивеч.
На листата ги има и сите видови риба, дури и оние кои владата ги сметаше за луксуз и го зголеми данокот од 5 на 10 отсто. Освен пастрмка, јагули, лососи, сардини, бакалар, поевтина ќе биде и сабјарката, перките од ајкула, кавијарот, шкампите, раковите, окотоподите и јастозите.
Маржа до 10 отсто ќе имаат и сите видови млеко и млечни производи, сирењето, кашкавалите, ги има и моцарелата, горгонзолата, камемберт, путерот и јајцата. Меѓу доматите, краставиците, компирот, грашокот, бананите, мандарините, замрзната маржа до 10 отсто ќе имаат и тартуфите, блитвата, бадемите, фстаците, урмите кајсиите, јагодите.
Ако лани ги сметаше за нездрави производи, кои треба поретко да се купуваат за децата, сега чоколадата, бонбоните бисквитите, гумените, мастиките за џвакање, сите видови џемови, се очекува да имаат пониски цени, откако ќе им се ограничи маржата кај трговците. На листата ги има и млекото за бебиња, како и сите пијалоци за бебиња и мали деца. Но ја има и водата, виното, вискито, храната за акучиња и мачки, тутунот, цигарите, пурите.
Очекувањата на министерот за економија е цените кај овие прозиводи драстично да се намалат, откако ќе се донесе законот за нефер трговски практики. Во меѓувреме, порастот на цените во маркетите е секојдневие. Вицепремиерот Битиќи лично ќе ги проверува и ако види картелско здружување кај трговците при формирање на цените, ќе поднесе претставка до Антимонополска.
Ве поканувам во сабота да ме придружите, ќе одиме во шест различни маркети со различни брендови да ги видиме цените на еден до два производа и ако има навистина зголемување, во понеделник ќе отидеме во Комисијата за заштита од конкуренција да поднесеме претставка, рече Битиќи, Ако има зголемување само во одреден маркет, тоа може да е од икс причини, односно може да биде местото на добавувачите или од каде што го земаат, да имаат повисоки цени, но ако се случи кај
Извештаите кои власта ги добива од Државниот пазарен инспекторат не содржеле индиции за договорено зголемување на цените, вели Битиќи. Сепак, граѓаните сведочат дека дел од производите чии цени беа замрзани, како кашкавалот и месото, преку ноќ поскапеа од 50 до 150 денари во речиси сите маркети.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
