Loading Video...
Македонија
19. March 2024 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Израелската армија соопшти дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 лица во голема операција во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа – болницата „Ал Шифа“, пренесоа француските медиуми. Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

Во операцијата  е убиен на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса, смртта ја потврди и Вашингтон. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето се цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки. Израелската армија уби 81 Палестинец и рани 116 други во осум воени операции во изминатите 24 часа.

Бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа поради тековните израелски напади стигна до 31.726, а 73.792 други се ранети, соопшти Министерството за здравство на Хамас во понеделникот во соопштение за печатот.

Блинкен, во текот на оваа недела, ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет за да се состане со лидерите на овие земји и да разговара за напорите за постигнување „итен договор за прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас.

Американскиот државен секретар исто така, планира да разговара за тоа како да се стави крај на нападите на Хутите врз трговските бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив. Воедно се продолжуваат напорите за повеќе хуманитарна помош за да се надмине проблемот со глад која е присутна во Појасот Газа.  Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаа телефонски разговор, прв по повеќе од еден месец, за развојот на ситуацијата во Појасот Газа, особено во Рафа, соопшти вечерва Белата куќа. Израелскиот премиер, кој го отфрла притисокот од Вашингтон, неодамна изјави дека Израел сè уште планира офанзива во Рафа, на југот на опколениот Појас Газа.

 

Вонредна состојба е воведена во регионот Амур на далечниот исток на Русија поради несреќа во рудникот за злато „Пионер“ во областа Зеја, каде што 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти Владата на тој регион.

Контакт со рударите,кои се заробени се уште не е остварен. Според првичните информации луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри.

Групата спасувачи, главно од регионот на Јакутија се состои од 25 вработени. Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета до местото на несреќата.

Засега нема информации за можни жртви.